ЖЕНА-ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК ПРИМИЛА ПОТКУП ВО ИЗНОС ОД 3.000 ЕВРА

787

Жена на возраст од 23 години, вработена како професионален војник во АРМ е осомничена дека побарала и примила поткуп во знос од 3.000 евра. Основното јавно обвинителство – Скопје за неа веќе оздало наредба за отпочнување кривична истрага. „Осомничената, на 18. и 19. овој месец, како професионален војник, директно побарала и примила парични средства, за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Парите ги побарала од нејзин колега, исто така професионален војник во Армијата на РСМ, за да му ‘помогне’ во изборот на јавно објавениот конкурс за прием на офицери. По објавување на првичната и во очекување на конечната листа на кандидати, осомничената го контактирала колегата и му кажала дека може да му помогне за тој да ги исполни условите за да биде избран за офицер“, се вели во соопштението лиферувано од Обвинтеството, а во кое, исто така, се наведува дека таа побарала колегата да и’ плати 3.000 евра, коишто, наводно, требало да ги проследи до лице кое има влијание при изборот. Следниот ден тие се сретнале во кафе бар, а сега осомничената уште еднаш му потврдила дека ќе ги прими парите, а потоа заедно се упатиле кон нејзиниот автомобил каде војникот и’ предал 2.400 евра, претходно криминалистичко-технички обработени, но веднаш потоа таа била лишена од слобода.
„Бидејќи особени околности укажуваат на тоа дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, а постојат и особени околности кои што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството и потврдуваат дека Јавниот обвинител кој постапува во овој предмет издал наредби со цел да се испита евентуална инволвираност и на други лица во овој кривично-правен настан.

Спонзорирано