РАКОВОДИТЕЛ ВО „ВОДОСТОПАНСТВО“ ПРИМИЛ 6.000 ЕВРА ПОТКУП

691

Вработен во АД „Водостпанство“ е осомничен за примање поткуп во висина од 6.000 евра.
Како што информираат од скопското Јавно обвинителство станува збор за лице на возраст од 42 години, жител на струмичко Ново Село, а вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ, во државна сопственост. Делото за кое се сомничи спомененатиот било извршено во периодот од први декември минатата година до 19. овој месец, кога за себе примил парични средства за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.
„Од оштетено лице од Крива Паланка тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице.

Спонзорирано