ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА КАЈ „СИТИ МОЛ“

973

Скопското јавно обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен акт кој се однесува на сообраќајната нестреќа којашто се случи на 20. минатиот месец, а во која едно лице го загуби животот. Обвинителството товари едно лице за сторено кривично дело: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Сега обвинетиот, како учесник во сообраќајот управувал со автомобил „цитроен Ц4“, со кое се движел по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата од улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде семафорите биле исклучени, односно работеле само со трепкаво жолто светло, тој ме не обрнал внимание на пешаците на коловозот и со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, не билво состојба благовремено да го запре возилот па со предниот дел удрил во двајца пешаци. Од ударот еден од пешаците, односно девојка на возраст од 24 години, се здобила со тешки телесни повреди и починала на самото место, а другиот повреден пешак бил пренесен во болница. Обвинителството, освен обвиителниот акт, до судот доставил и предлог за продолжување на веќе изречената мерка притвор. ​​

Спонзорирано