ОБВИНЕНИЕ ЗА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ЗА НЕЗАКОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

1484

Поранешиот битолски градоначалник, кој за слични работи веќе е осуден на затворска казна во траење од осум години, повторно ќе одговара за незаконски спроведуваните јавни набавки​

Битолското јавно обвинителство поднсе уште едно обвинение против Владимир Талкески, поранешен градоначалник на Битила. Со најновото обвинение Талески се товари за едно кривично дело како соизвршител, а во повеќе други случаи тој се јавува како сторител на продолжено кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување.
Со обвинителниот акт се опфатени и поранешниот секретар на општина Битола, Слободан Бончановски, кој во предметот наречен „Транспортер“ е осуден н 6,6 години затвор, но и четворица други кои во тоа време бил членови на Комисијата за јавни набавки, односно ја спроведувале набавката за превоз на ученици за учебната 2015/2016 година.
Обвинетите Талески, С.П. како претседател, С.Д. како заменик претседател, В.П. и П.П. како членови на Комисијата за јавни набавки во периодот од јули до октомври 2015 година, во Битола, заедно договорени како службени лица, ја искористиле својата службена положба и овластување при спроведување на јавната набавка за посебен превоз на ученици за 2015/2016 година. Обвинетиот Бончановски, како секретар на Општината, ги пречекорил границите на своето службено овластување при вршење на јавната набавка за превоз на ученици од основно и средно образование, а кои имаат право на бесплатен превоз.
Имено, тогашниот градоначалник, донел одлука за јавна набавка без да ја утврди количината на набавката и само со утврдена вредност на набавката. Талески, преку Одделението за јавни набавки, на 13. јули 2015 година, побарал од училиштата да достават податоци за бројот на ученици за превоз по посебни линии, а што било направено до 15. октомври истата година. Но, вредноста на набавката, од 22.327.813 денари, била определена уште на 29. јули, односно кога Општината го објавила огласот, со рок за доставување понуди до 9 септември, а којшто рок бил продолжен до 15. септември. Комисијата за јавни набавки на 7. октомври, односно пред добивање на побараните податоци од училиштата за конкретниот број на ученици по секоја посебна линија, спровела електронска аукција за вкупно 17 превозни линии.
Поднесените цени за 11 линии биле повисоки во однос на цените од претходната учебна година, иако има континуиран пад на цената на нафтените деривати, но Бончаровски, иако на тоа немал право, сепак го одобрил склучувањето на договорите со понудувачите. По даденото одобрување од Бончаровски, членовите на Комисијата ја продолжиле постапката и спротивно на законот доставиле извештај до екс-градоначалникот, кој, пак, донел одлука за избор на најповолни понудувачи и склучил договори со четири фирми кои вршеле превозн, но во исто вртеме била причинета штета од 4.819.901 денари или приближно за 80.000 евра.
Влчадимир Талески, како градоначалник, од септември до декември 2015 година, ги пречекорил своите службени овластувања и не ја извршил својата службена должност за организирање на превозот на ученици на подрачјето на општина Битола согласно член 43 ст.1 од Законот за превоз во патниот сообраќај. Согласно законските одредби, тој бил должен превозот да го организира како посебен линиски превоз со исклучување на други патници и по утврден возен ред, но тој тоа не го сторил, туку откако била спроведена постапка за доделување на пакет линии за вршење на општински линиски превоз на патници во Битола и биле избрани најповолните понудувачи и со нив потпишал дополнителни договори за превоз и на учениците со важност од пет години. Всушност, Талески на 12 фирми – превознички им прибавил корист изразена во правото да вршат посебен прево

з на ученици, без објавен јавен повик за набавка на посебен линиски превоз.
Со обвинителниот акт Талески се товари дека постапил незаконски при набавка на масло за греење за училиштата и градинките. Тој донел одлука за набавка, но не на количини, туку само вредноста во износ од 24.500.000 денари. По објавување на огласот се пријавило едно трговско друштво со понуда од 31.087.865 денари, но Талески не го поништил огласот, туку со измени на одлуката одобрил зголемување, односно  обезбедилнови средства во висина од 36.637.000 денари

односно извршил зголемување од 49,7 отсто, а потоа ја прифатил единствната доставена понуда како најповолна.  Талески, според Обвинителството, постапил незаконски и при вршење н јавна набавка за редизајн и изградба на два моста во Битола. Тој склучил договор со фирма на која и биле исплатени 2.358.304 денари, иако пазарната цена за изведување на работите изнесувала 1.875.237 денари, односно 483.067 денари повеќе, а а колку е оштетена Општина Битола.
Обвинителството го товари Талески и за незаконитости во постапката за реконструкција со доградба на Црн Мост. Тој, на изведувачот му исплатил 36.340.731 денари, а потоа склучил уште три анекси кон основниот договор, со кои вредноста на основниот договор се зголемила за вкупно 13.059.557 денари.
Поранешиот битолски градоначалник, како првообвиет во предметот наречен „Транспортер“, беше осуден на затворска казна во висина од осум години, а причинетата штета беше проценета на 360.000 евра.

Спонзорирано