ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКАТА КОВИД БОЛНИЦА

169

Покрај бројните преземени дејствија издадена е и наредба за одземање на целокупната документација во врска со изградбата на модуларната болница, но и од правното лице, односно изведувачот на изградбата

Петтемина обвинители кои се ангажирани со утврдување на причината за пожарот во тетовската Ковид-болница, а во животот го загубија 14 лица, продолжува со издвање наредби за обдукција и идентификација на телата на починатите. Од извештаите кои Институтот за судска медицина го доставил до обвинителството се потврдува дека од починатите осум се жени, а шестмиа се мажи, на возраст од 29 до 78 години, но само 12 лица биле пациенти во болницата.
Утврдено дека од починатите, две лица, односно сопруга на пациент и ќерка на пациентка биле надворешни лица. Причината за нивното присуство во моментот на несреќата, односно дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини се истражува.
По налог на обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од COVID-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата била извршена заради точно утврдување на причините за смртта.
Обвинителството ги обезбедила снимките од безбедносните камири во и околу болницата, како и од околните деловни објекти, станбени згради и куќи. Превземените снимки веќе се дадени на вештачење.
Обвинителите ги сослушале сведоците кои во моментите на несреќат биле во непосредна блзина на модулрната болница, а изјавен се земени и од лекарите.
Издадена е наредба за одземање на целокупната документација во врска со изградбата на модуларната болница, но и од правното лице, односно изведувачот на изградбата.

(Фото: ББЦ)

Спонзорирано