Македонскиот правен и законодавен систем ја гарантира независноста на судовите и самостојноста на јавното обвинителство рече Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на Меѓународниот симпозиум за ефикасност на Високи апелациони судови кој се одржува во Анкара.
Јовески, во своето обраќање се осврна на постапувањето на јавнитe обвинители во жалбената постапка и обезбедувањето на правата на учесниците во кривичната постапка, а во овој контекс и за барање на заштита на законитоста како гаранција за правото на обвинетиот.
Инку, меѓународниот симпозиум се одржува во рамките на традиционалното одбележување на почетокот на Судската година во Република Турција. Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија присуствува на покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча.
Во рамките на посетата Јовески денеска оствари средби со претседателот на највисокиот суд во Турција, Мехмед Акарча и со Генералниот обвинител на Република Турција, Бекир Шахин.
ОБВИНИТЕЛОТ ЈОВЕСКИ СО ОБРАЌАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СИМПОЗИУМ ВО АНКАРА
Спонзорирано





