ИЗВРШЕН УВИД ВО ТАБАНОВЦЕ КАДЕ БЕА ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ МАЖ И ЖЕНА

817

Јавен обвинител од кумановското Јавно обвинителство изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утрово беа пронајдени тела на две починати лица, односно на маж на возраст од 43 и жена од 36 години.
Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.​
Според првичните информации мажот, наводно, ја застрелал жената, а потоа и самиот си го одзел животот.

Спонзорирано