СКОПЈАНЕЦ И ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ТРГУВАЛЕ СО КИЛОГРАМ МАРИХУАНА – ЗАВРШИЛЕ ВО ПРИТВОР

573

Гевгелиското обвинителство отвори постапка за еден свој сограѓанин и за еден скопјанец за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Имено, според обвинителството, скопјанецот, по претходен договор, во саботата допатувал во Гевгелија, но во неговиот „фолксваген пасат“, тој пренесувал 998 грама марихуана. Дрогата којашто била спакувана во една ќеса тој ја оставил во боровата шума, во близина н едно стовариште, а малку подоцна на тоа место тој оставрил средба со сега осомничениот гевгеличанец, кој, пак, пристигна со веспа. По кратко време тој со дрогата се упатил кон градот, но бил запрен од полициски службеници, па се обидел да избега и да го фрли ќесето со марихуана.
На преглог на Обвинителството, Судија за претходна постапка од судот во Гевгелија на осомничените им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.​

Спонзорирано