АЛБАНЕЦ, ВО СТАН ВО ГОСТИВАР, КРИЕЛ ПОВЕЌЕ ОД 30 КИЛА МАРИХУАНА

928

Двајца македонски и еден албански државјанин се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што објаснуваат од Обвинителството, 38-годишниот албански државјанин, во својата земја, набавил поголемо количество марихуана којашто успеал да ја внесе во нашата замја и да ја сокрие, во стан, во Гостивар. Во петокот, другите двајца осомничени, инаку жители на Скопје, договориле купување на 1.990 грама марихуана. Според договорот за марихуаната требало да му платат 2.500 евра, но при обид да ја извршат размената биле забележани од полициски службеници кои им ја одзеле дрогата, а нив ги привел. Подоцна, при претрес на станот во којшто престојувал албанскиот државјанин биле пронајдени уште 31,88 килограми марихуана.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да ги прикриваат трагите за кривичното дело, како и да го повторат делото.​

Спонзорирано