Скопското јавно обвинителство отвори истрага за 30-годишен турски државјанин, за кривично дело обид за убиство.
Како што потврдуваат од Обвинителството сега осомничениот, во средата, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, се обидел да лиши од живот едно лице, а по претходна вербална расправија и физичка пресметка. Имено, сега осомничениот, придружуван од уште неколку други неидентификувани лица, дошол пред кафе-барот по што тие физички го нападнале оштетениот, удирајќи го притоа со тупаници по главата и телото, а потоа осомничениот извадил пиштол и од него испукал три куршуми со што му нанел огнострелни повреди на оштетениот.
Инаку, освен наредба за отворање кривична истрага, Обвинителството, до скиопскиот кривичен суд, доставило предлог за изрекување мерка притвор.
ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН ОСОМНИЧЕН ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО
Спонзорирано





