Скопскиот Апелационен суд не ги прифати финансиските гаранции кои беа понудени во замена за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков и тој и натаму останува во затворот „Скопје“.
Иако некои медиуми уште во текот на вчерашниот ден пренесоа инфорамација според која повисокиот суд ќе ја преиначи одлуката на Кривичниот совен на скопска „единица“, сепак такво нешто не се случи. Имено, Апелација, а по добиено мислење од Вишото јавно обвинителство, одлучи да не ја прифати кауцијата од 10,8 милиони евра и да ја промени мерката притвор за поблага мерка, односно за куќен притвор.
Изненадувањето е дотолку поголемо што пред само три дена Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе решение со кое ја прекина кривичната предистрага за Мијалков, откако тој беше осомничен дека се обидел да побегне од земјава.
Како што сега стојат работите Сашо Мијалков, преку неговите бранители, ќе може да побара ново укинување на притворот веќе на 17. овоиј месец, за кога е закажано изрекување на првостепена пресуда за случајот „Тортура“.
СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ГИ ОДБИ ГАРАНЦИИТЕ ЗА САШО МИЈАЛКОВ
Спонзорирано