ДРАГИ РАШКОВСКИ НУДИ ГАРАНЦИИ ОД 500.000 ЕВРА

965

Поранешниот генерален секретар на Владата на РСМ, во замена за укинување на мерката притвор којшто му е изречен за сторени злоупотреби понудил гаранции од половина милион евра.
Според информацијата којашто ја лиферуваше „360 степени“, Вишто јавно обвинителство дало позитивно мислење за понуденото. Оттаму за споменатиот портал потврдуваат се работи за гаранции во износ од 30.686.215 денари или 500.000 евра, како и тоа дека за Рашковски се активни две кривични истраги.
Позитивното мислење на Обвинителството и не значи дека Рашковски ќе ја напушти „Шутка“, бидејќи за такво нешто крајниот збор го има Апелациониот суд. Јавноста се сеќава дека пред само десетина дена Обвинителството, за иста работа, односно за укинување на мерка притвор, исто така даде позитивно мслење, но судот не даде „зелено светло“. Имено, ганациите кои што ги понудија адвокатите на Сашо Мијалков изнесуваа 10,8 милиони евра или повеќе од 20 пати во однос на она што сега го нуди Драги Рашковски, но нему не му беше заменет притворот за куќен притвор.
Драги Рашковски, од позиција на генерален секретар купил софтвер со кој, наводно, се обезбедувала поголема сигурност во сообрааќајот, но за купеното ниту едно министерство не било заинтересирано, а министерот Оливер Спасовски изјави дека предметниот софтвер за МВР е непотребен. Слична е работата и со вториот софтвер, кој како и првиот бил зашптитен од Драги Рашковски, но сега како иноватор. Инаку, тој, повтоенмо од позиција на генерален секретар, на лице кое што било хонорарно ангажирано му одредил месеќен надоместок од 80.000 денаери, но од оваа сума примателот бил должен на Рашковски да му исплаќа по 30.000 денари.
Скандалите поврзани со Драги Рашковски датираат уште од пред четири години кога тој се стави себе и својата тешта во Управниот одбор на „Македонски телеком“, а на почетокот на оваа година беше откриено дека тој купил имот во скопското село Побожје на кој требало дса изгради викендичка со површина од неколку стотици метри квадратни. Иако за него се пишуваше дека се подновил и со џип, тој во време на отпочнување на скандалите беше пронајден во Мексико каде заминал на годишен одмор. По враќањето Рашковски кажа дека имотот и инвестицијата за хациендата се на неговите деца кои парите ги заработиле на нивните родендени.

Спонзорирано