ДОБРИЛА КАЦАРСКА Е НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УСТАВНИОТ СУД

1043

Со шест гласа „за“, односно со гласови кои и носат двотретинско мнозинство, судијата Добрил Кацарска денеска е избрана за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Изботот на Кацарска и официјално го потврди самиот Суд кој на својата веб-страница напиша: „Ја известуваме јавноста, дека на работниот состанок што се одржа денес (26.05.2021 година), за претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана судијата Добрила Кацарска. Мандатот на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година“.
Во биографијата на Добрила Кацарска е наведено дека таа е судија од 1986 до 2005 година, кога ќе биде именувана за претседател на скопскиот кривичен суд, со мандат од четири години.
Кацарска учествувала во работата при изготување на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Законот за измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка. За судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија таае избрана на 26 ноември минатата година.
На пошироката јавност таа и стана позната по изрекување на првата пресуда за функционери на поранешнатавласт, а по поднесено обвинение од сега веќе непостоечкото Специјално јавно обвинителство.

Спонзорирано