Отворена истрага за петочното разбојништво во Битола

1039

Битолчанец, на возраст од 21 година, од Основното јавно обвинителство Битола е осомничено за разбојништво кое се случи во петокот, само десетина минути пред полноќ.
Имено, во критичното време сега осомничениот влегол во продавница, на улицата „Партизанска“, наспроти Клиничката болница во Битола. Маскиран, со безбол капа, ракавици и заштитна маска, тој се приближил до касата, а потоа од џебот извадил нож со кој започнал да замавнува, с потоа и да и се заканува на вработената. Разбојникот ја отворил касата и од неа одзел 79.200 денари.

Спонзорирано