Две лица, на возраст 57 и 67 години, се осомничени дека сториле кривично дело: неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претрес во домовите на сега осомничените, во село Чифлик, и притоа кај едниот била пронајдена пушка „Mannlicher STEYR M-95“, со калибар 7,9 милиметри и уште 75 куршуми, а кај вториот била пронајдена рамка за автоматска пушка.
Обвинителството бара судот да им изрече мерка притвор на двајцата осомничени!
Спонзорирано





