Со увид во судските предмети за кои Јавното обвинителство го товари дека биле делени на рака, а не преку АКМИС системот, денеска во велешкиот суд продолжи судењето на Владимир Панчевски, поранешен претседател на скопска „единица“.
На предметите, кои како докази ги презентира обвинителството, рачно нашиашно и со потстои, стои дека предметот треба да му му биде доделен на конкретен судија, а се спомнуваат имињата на судиите Павлина Христова, Јани Нича, Ивица Стефановски, Дијана Груевска и Ѓоко Ристов.
На претпладневата сесија на судењето за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, во сцвојство на сведок говореше Горан Митев од „Еди софт“, фирмата која го изработила и одржувала софтверот за електролнското доделување на предмети. Според сведок, постои опција и за рачна распределба, но таа се применувала само во итни ситуации, односно ако во моментот немало дежурен судија. Според овој сведок токму Панчевски бил тој кој барал дополнително усовршување на системот, бидејќи недостасувале критериуми за распределба.