Увид на градежна локација во Куманово каде беа повредени 10 работници

    1638

    Јавен обвинител од Куманово, заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи, како и вешти лица, врши увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени 10 градежни работници.
    Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, додека двајца, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Ургентниот центар на скопските клиники.
    По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата.

    Спонзорирано