Обвинение за скопјанецот кој украде „БМВ Х 5“ и нападна полицајци

    1299

    Скопјанец, на возраст од 29 години е обвинет за сторена тешка кражба и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, односно за настанот од 21. јули оваа година кога тој најнапред украде џип „БМВ Х 5“, а потоа нападна полициски работник.
    Според обвинението сега обвенетиот забележал две лица како, наспроти Трговскиот центар „Мавровка“ го паркираат нивното возило „БМВ Х5“, а тој со калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и со уште едно засега непознато, женско лице, влегол и го ставил во погон џипот. Кога крадецот се приближил до првата раскрсница бил забележан токму од сопственикот на возилото, кој, заедно со негова сопруга со трчање се упатил кон возилото. Тие се обиделе да го запрат обвинетиот, но тоуј успеал да побегне.
    По пријава на кражбата на џипот полицијата дошла до сознание дека кадецот и возилото се видени во скопската населба Маџари. Двајца полициски службеници со службено возило „шкода јети“ се упатиле кон посочената локација. Тие го пресретнале кадецот и притоа се обиделе да му го попречат натамошното движење, а откако го запреле движењето на возилото се обиделе крадецот да го извадат надвор. Сега обвинетиот најпрвин со возилото во движење удрил во полициското возило, за потоа и со боксирач со бодеж ги нападнал двајцата полицајци, нанесувајќи и притоа телесни повреди. Во совладувањето на крадецот се придружило и трето службено лице полицаец, по што тој бил приведен.

    Спонзорирано