Судот, по добиена согласнот од Обвинителството, му го укина притворот на Зоран Милески

    2865

    Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот Зоран Милески, опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, донел решение со кое се укинува мерката притвор, а потоа донел решение се кое му се определува мерка куќен притвор.
    „Денеска, по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно законските одредби донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор“, се вели во кусото соопштение на кривичниот суд.
    Со оглед на тоа што жалбата не го одложува извршувањето, решението веќе е испратено до странките, а осомничениот Зоран Милески викан Зоран Кичеец ќе биде спроводен во неговиот дом.

    Спонзорирано