ЦАРИНАТА СПРЕЧИЛА ШВЕРЦ НА 16,5 ТОНИ ЦИГАРИ И 13 ТОНИ ТУТУН ВО ЛИСТ ВРЕДНИ МИЛИОН ЕВРА

    1483

    Царинската управа на Република Северна Македонија, на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, спречи обиди за нелегален увоз на цигари и тутун во лист. Имено, на „Табановце“ биле запленети 16,5 тони цигари, а на „Богородица“ 13 тони тутун во лист.
    Како што потведуваат од Царинската управа, на 28. мај оваа година, при контрола на товарно возило било утврдено дека во него има 1.000 пакети со цигари, со тежина од 15 тони. Во секој пакет имало по 50 штеки или 10 милиони парчиња цигари.
    На истиот граничен премин, на 24. мај, во комбе, биле пронајдени 102 пакети со цигари, со тежина од 1,5 тони. Станува збор за цигари со кинеска марка на цигари, “Ashima luxory size” и “Marble De Luxe”.
    Царинските служби, при обид за влез во државата, на преминот „Богородица“, на 16. минатиот месец, заплениле камион во којшто имало 130 пакети, со тежина од 13.000 килограми, тутун во лист.

    „Доколку цигарите, односно тутунот, се најдеа на домашниот пазар, а со оглед дека станува збор за акцизни добра, државниот буџет ќе беше оштетен за околу 1 милион евра“, велат од Царинската управа и појаснуваат дека акцизите учествуваат со околу 22 проценти во вкупните даноци, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 проценти.

    Спонзорирано