Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение за нелегална трговија со наркотични дроги за жител на скопското село Студеничани. Според обвинителството, сега „анонимниот-обвинет“, на 13. минатиот месец, во својот дом, во Студеничани, заради продажба држел марихуана во тежина од 137 грама. Дрогата била спакувана во црна полиетиленска кеса.
Инаку, на обвинетиот за вакво кривично дело не издржува мерка притвот, туку издржува мерка куќен притвор.
Спонзорирано