Истрага за обид за за убиство во Неготино, Полошко

    1803

    Основното јавно обвинителство во Гостивар отворило исттага за обид за убиство, односно за настан кој се случиул вчера утро, околу 4.30 часот, во угостителски објект во село Неготино, полошко. Сега осомничената, инаку вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото била вознемирувана од сега оштетениот, инаку нејзин колега. Иако опоменат, тој продолжил да ја вознемирува, по што таа се упатила кон шанкот од каде зела нож и со него му задала неколку убодни рани во стомакот.
    Судија на претходна постапка, од Основниот суд Гостивар, на осомничената и изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано