Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама, односно сузбивање на шверц на тутун.
Од УФП, засега, не споделуваат нови информации поврзани со акцијата со образложение дека тоа е во интерес на истрагата, но во исто време потврдуваат дека јавноста, благовремено, ќе биде информирана за исходот.
Спонзорирано