Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во стан, на улицата „Климент Охридски“, во Битола, каде вчера попладне беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.
Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Спонзорирано