Мерки на претпазливост за лице кое ширело говор на омраза за сообраќајката во Куманово

1569

Основното јавно обвинителство во Куманово повело постапка за жител на селото Пелинце, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело: ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Односно дека во неделата, преку социјалната мрежа „Фејсбук“, објавил статус со кој поддржал свој близок роднина во настан во кој животот го загуби полициски службеник, а уште четири други лица беа повредени. Во објавениот статус, осомничениот, односно анонимниот, повикал на насилство кон оштетените од сообраќајката.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка од судот во Куманово доставил предлог за изрекување мерки на претпазливост за непознатиот, на кого му е одземена патната исправа и наложено му е еднаш неделно да се јавува во судот.

Спонзорирано