Обвинение за обид за кражба во спортската сала на средното училиште „Никола Карев“

1863

Едно лице е обвинето за обид за тешка кражба, во спортската сала во средното училиште „Никола Карев“, во Скопје. Сега обвинетиот на 12. декември минатата година, во гардеробата на салата на СУГС „Никола Карев“, на дрзок начин се обидел да одземе туѓи подвижни предмети. Тој влегол во соблекувалната во која имало облека, лични предмети и торби на посетителите. Додека тој претурал во една од торбите, во соблекувалната дошла една од сега оштетените, но тој се упатил кон неа, а потоа ја оттурнал од вратата на соблекувалната, по што се дал во бегство.
По неговото пронаоѓање и приведување Судија на претходна постапка, на 11. овој месец, му изрекол мерка притвор во траење од осум дена.

Спонзорирано