Судот информира дека навремено се обратил до Собранието, но тоа не успеало да им го симне имунитетот како на Љупчо Димовски, така и на Трајко Вељаноски и со тоа ги спасило од притвор
Скопскиот кривичен суд, а по обвинувањата изречени од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија дека доколку осомничениот Трајко Вељаноски побегне, одговорноста ќе биде на судот, денеска попладне со контраобвинувања.
Од кривичниот суд потврдуваат дека, во текот на вчерашниот ден, било доставено известување дека не е донесена одлука за одземање на имунитетот како на Трајко Вењаноски, така и на Љупчо Димовски, за кои Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе достави предлози за определување мерка притвор, односно дека одлука нема, бидејќи е пробиен рокот за одлучување.
Оттаму и потврда дека од Судија на претходна постапка, во текот на денешниот ден, ќе биде доставено и до Обвинителството.
„Собранието на Република Северна Македонија до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, достави известување дека не донел одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници за кои Јавното обвинителство достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување. Известувањето од страна на надлежниот судија на претходна постапка во текот на денешниот ден ќе биде доставено до Обвинителството“, се вели во дел од соопштението на кривичниот суд и притоа се појаснува дека, а имајќи го в предвид известувањето и одредбите од Законот за кривична постапка, судот не може да постапува по предлогот за определување на мерката притвор без претходно позитивно произнесување на Собранието во однос на имунитетот.
„Во врска со наводите на Претседателот на Собранието дека: ‘судот ќе биде одговорен за евентуално бегство на осомничените и дека судот треба да обезбеди присуство на сите осомничени и обвинети во постапката’, и појаснуваме на јавноста дека во нашата држава се применува акузаторен систем на кривично гонење, според кој обвинителството е овластен предлагач на мерките за обебедување присуство, а судот одлучува доколку за тоа се создадени услови, што за овој случај услов би бил одземен имунитет. Впрочем, како што јавноста беше известена, и во однос на првиот предмет од први февруари оваа година, така и во вториот предмет од 20. овој месец, кога се доставени предлози за определување мерки притвор за Љупќо Димовски и Трајки Вељаноски, кои се повикуваат на пратенички имунитет, Судот веднаш се обрати до Собранието со барање за поризнесување околу нивниот имунитет, но сведоци сме дека за прв пат Собранието кое е надлежно да одлучува за имунитетот во законски утврден рок, не донесе одлуки, а со тоа го оневозможи Судот да одлучува за мерката притвор на пратениците“, велат од .
За скопска „единица“ неприфатливи се изјавите дека судот ќе биде одговорен за одолговлекување на постапката, дотолку повеќе што тој не може своеволно и спротивно на Законот да определува било какви мерки за обезбедување доколку за истото не се создадени услови.
Доколку обвинителството поднесе нов предлог поради нови или изменети околности, Судот веднаш ќе се обрати до Собранието и доколку навремено се добие одлука од Собранието, веднаш ќе постапи.