ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА МИЦКОВСКИ НЕ ГО НАПАДНАЛЕ БОЛНИЧКОТО, ТУКУ ЗАТВОРСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

    2274

    Нападнатите припадници на затворската полиција со тврдење дека биле нападнати од лица кои се вработени во МВР, а работат како обезбедување во ВМРО-ДПМНЕ

     

    Еден припадник на затворската полиција се здобил со потешки, а неколкумина други негови колеги минале со лесни повреди откако биле нападнати од обезбедувањето на Христијан Мицковски.
    Како што дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, не се точни наводите дека обезбедувањето на Мицковски го нападнало обезбедувањето на болницата „8 Септември“, туку биле нападнати припадниците на затворската полиција.
    На инцидентот му претходела вербална расправија, откако на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ и било кажано дека не можат да се видат со Миле Јанакиески, бидејќи тој е притворено лице кое е донесено на преглед, односно дека не се дозволени средби надвор од предвидениот протокол.
    „Не беше нападаното обезбедувањето на болницата, туку затворското обезбедување. Срамно е тоа што ќе го кажам, но најголемиот број од припадниците на обезбедувањето на Мицковски се активни припадници на полицијата. Тие ги нападнаа своите колеги од затворската полиција“, вели нашиот соговорник кој сака да остане анонимен, но тој, во името на неговите нападнати колеги бара министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да провери кои се тие полицајци кои работат и како приватно обезбедување на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицковски.

    Спонзорирано