ЕКСЛУЗИВНО: РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ ГИ ИСПРОВОЦИРАЛЕ ИНЦИДЕНТИТЕ ВО „ШУТКА“

    955

    Притворените Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, според сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“, најверојатно намерно ги предзвикале инцидентите во затворот „Скопје“. Имено, според информациите со кои располагаме, се започнало утринава кога во затворскиот круг шетал Спиро Ристовски. Тој препознал едно лице кое е притворено за случувањата од 12. мај 2015. година, во Куманово. Ристовски му се обратил со пцости, а потоа изрекол уште неколку реченици со кои најверојатно само го испровоцирал притвореникот кој реагирал така што физички го нападнал екс-министерот.
    Два часа подоцна инцидентот се повторил. Овој пат главен протагонист е Миле Јанакиески. Извори од затворот „Скопје“, во Шуто Оризари, потврдуваат дека Миле од претходно го познавал лицето коешто денеска физички го нападнало. Нашите извори велат дека Миле и напаѓачот и порано шетале заедно во затворскиот круг, но никогаш пред тоа меѓу нив немало никакво нетрпение.
    За вработените во КПУ „Скопје“ не постојат дилеми за тоа дали инцидентите се случајни. Тие се убедени дека се работи за договор помеѓу Ристовски и Јанакиески, а со крајна цел да го привлечат вниманието на нив по вчерашното притворање.

    Спонзорирано