Спречен обид за криумчарње мигранти од Сирија и од Пакистан

1054

Во текот на викендот, полицијата спречила два обиди на различни локации за криумчарње на вкупно 22 мигранти – од Сирија и од Пакистан.

Во саботата околу 20.30 часот, кај наплатна рампа Градско, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „форд галакси“ во кое имало мигранти, по што – пред Неготино, возачот го напуштил возилото во кое се пронајдени 13 мигранти од Сирија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Истоиот ден,  веднаш по полноќ, но во друга акција, во атар на село Ново Село, струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки. По преземени мерки, во 00.30 часот во Радовиш, во врска со овој случај, сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес. Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Спонзорирано