6,6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ЗА 27. АПРИЛ

1495

Судот за оргаизација на протестите од 27. април 2017. година, најде вина и кај обвинетите: Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски и ги осуди на затворски казни од шест години и три месеци, односно шест години за екс директорот на УБК

Поранешниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Трајко Вељаноски, екс министите Спиро Ристевски и Миле Јанакиески , како и Владимир Атанасовки, некогашен директор на сега укинатата Управа за безбедност и контраразузнавање биле организатори на протестите од 27. април 2017. година.
Кривичниот суд во Скопје најде вина кај сите нив и ги осуди на ефективни затворски казни, па така Трајко Вељаноски го осуди на 6,6 години затвор, Спироски и Ристовски на три месеци помалку и шест години за Атанасовски.
Елаборирајќи ја својата одлука судијата Илија Трпков потсети дека за овој случај требаше да одговара и Никола Груевски, но дека тој не обвинет, бидејќи тој побегна од државата. Трпков изрече многу остри, но реални заклучоци кои се однесуваа на упадот во Собранието и на таканаречениот „крвав четврток“. За него не се патриоти оние кои на сила влегуваат во законодавниот дом и таму да се тепаат пратеници. Тој рече дека нема дилеми дека се работи за уривање на уставниот поредок, но и тоа дека бројните сведочења со кои се тврдеше дека народот спонтано влегол во Собранието, бидејќи бројни докази упатуваат на заклучокот дека се работело за синхронизирана акција. Судијата Трпков за секој од обвинет нив иите кажа каква улога имал и што самиот преземал.
Судот во детаљи ги објаснуваше дејствијата не само на обвинетите, туку и на оние кои веќе се осудени за насилствата кои се случија на 27. април 2017 година.
Согласно обвинителниот акт Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски се товарае за кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик“.

Спонзорирано