19 години затвор за девојката која учествувала во убиството на Пино Секондо

1569

Скопјанката Ангела Ѓорѓиевска (26), обвинета за соизвршителство во убиството на младиот Пинета Секондо – Пино, со одлука на суделчки совет на скопскиот кривичен суд е осудена на затворска казна во траење од 19 години.
Првостепената пресуда доаѓа по затворање на судскиот процес кој се водеше против неа, а на кој таа кажа дека не се чувствува виновна за убиството на Секондо кое го извршил нејзиниот пријател Али Фуркан, а кој е во бегство.
Сега осудената, за помагање во извршување на убиството, на 11. декември 2018 година, според обвиниѕтелствтото, го повикала сега починатиот Пинета Секондо и притоа договорила средба со него, на насипот во населбата Ѓорче Петров, каде со возило „опел аскона“ веќе бил пристигнат Фуркан и кој со себе носел пушка. Откако го оставил возилото на насипот тој седнал во автомобил „шкода“ со којашто дошол Секондо, а на совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, додека оштетениот седнал на задното седиште. Сите тројца, со возилото, се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива најпрвин започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент обвинетиот со пушката што ја имал со себе го застрелал Секондо, кон кого чувствувал нетрпеливост. Двајцата обвинети го ставиле телото на Секондо во багажникот на возилото, по што се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа и кон селото Љуботен. По пат, тие здогледале дупка во кое го ставиле безживорното тело на Секондо, а потоа го покриле со ќебе.
Телото на Пино беше пронајдено по речеси половина година.

Спонзорирано