Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на селото Грчец на 7 април , на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Лептокарија“, во својот автомобил, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „црвена застава 99“ со калибар 9 мм, како и пет куршуми муниција за тој пиштол. При преглед на возилото од страна на овластени полициски службеници, оружјето било пронајдено и одземено. Против истото лице, во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е уште една кривична постапка за исто кривично дело, по кривична пријава поднесена во октомври лани. Имајќи го предвид овој факт, надлежниот јавен обвинител ценеше дека е оправдан стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Жител на Грчец осомничен за неовластено поседување оружје
Спонзорирано