Жител на Градско, со престој во Скопје, е осомничен за неовластена продажба на дрога. Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 03 април, при претрес на домот во Скопје во кој престојувал осомничениот, биле пронајдени 24 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 166,81 грама, како и две ваги и други поситни предмети со траги од различни дроги и психотропни супстанции – амфетамин, кокаин и тетрахидроканабинол.
Со оглед на тоа што постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Жител на Градско под истрага за продажба на дрога
Спонзорирано