Започна судењето за „Меѓународен сојуз“, Боки 13 повторно не чувствува вина

1713

Со давање на воведен збор денеска во скопскиот кривичен суд започна судењето за луѓето поврзани со таканаречениот „Меѓународен сојуз“, или како уште некои го нарекуваат „Рекет 2“, бидејќи оваа е втор предмет во кој како обвинет се јавува Бојан Јовановски.
Во предметот „Меѓународен сојуз“, освен Боки 13 обвинети се Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, таткото на Бојан, Миле Јовановски и Христина Блажеска. Тие со товарат за кривични дела: измама и за перење пари, но тие пред судот, денеска, се изјаснија како невини.
Обвинителката Вилма Русковска, во својот воведен збор, кажа дека невладината организација на Боки 13 е, всушност, само една голема измама и преку неа се переле пари. Таа кажа дека има „несоборливи докази“ дека со мамење „Меѓународниоѕт сојуз“ успеал да обезбеди скоро милион евра, пари добиени од битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и од стружанецот Ардијан Амзоски. Русковска појасни дека се започнало уште на почетокот на јуни 2017 година, кога бил усвоен „акциски план“ со кој се предвидувало изградба на европски центар за возрасни лица. Во реализација на планот, според обвинителката, помогнала и пратеничкта Фросина Ташева-Ременски која го заложила сопствениот авторитет пред лицата од кои се барале пари, иако Боки 13 мамел дека ќе обезбеди државно земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис. Доведени во заблуда, Мицевски и Амзоски, преку Македонска авторска агенција, му исплатиле 719.905 евра, односно 233.821 евро. Обвинителката кажа дека има доволно диокази кои упатуваат на тоа дека парите завриле во домот на семејството Јовановски и дека Миле Јованмовски, дел од парите ги префрлил на нивната семејна фирма „БЈМ Груп“ која, пак, стоеше зад сега пропадната „1 ТВ“.
Судењето птодолжува со воведен збор на одбраната и на обвинетите во овој процес.

 

(Фото: Телма)

Спонзорирано