Заев ѝ го препушти на Дескоска челното место во Советот за судски реформи

2146

Премиерот Зоран Заев се повлекол од челното место во Советот за судски реформи. Тој ѝ го препушти претседавачкото место со ова тело на министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.
Формалното напуштање на функцијата претседател на Советот за реформи во правосудството, што премиерот го обзнани на трибина во Куманово и не претставува некакво изненадување со оглед на тоа што со последните неколку седници на ова тело раководи министерката за правда.
Заминувањето на премерот од челната позиција на Советот за реформи може да се толкува како негова намера тој да не биде инволвиран во работата на правосудните органи, односно како претставник на извршната власт кој би можел да влијае врз судските или врз одлуките на обвинителството. Напротив! Премерот Заев е на став дека политиката треба да биде надвор од судовите и дека власта не смее да се меша во работата на правосудните тела.
Пред нешто повеќе од една година тој застана зад формирањето на Советот за реформи, бидејќи во тоа време тоа се покажа како неопходност од аспект на „искоренување“ на влијанието на извршната власт врз работата на судовите и обвинителството, но и заради забрзување со реформите кои се еден од главните услови за започнување на преговорите со Европската унија, која, пак, години наназад имаше бројни забелешки токму на сферата на правосудството.
На синоќешната трибина во Куманово, Заев објасни дека само на почетокот застанал на чело на ова тело за тоа да се раздвижи. Тој информираше за оставката одговарајќи на прашање на граѓанин кој беше присутен на трибината и кој забележа дека претседателот на Владата не би требало да претседава и со едно вакво тело.
Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022 беше формиран пред околу една година, со одлука на Владата.

Спонзорирано