ВМРО-ДПМНЕ не кажува колку вредат лустерите што ги донираше

863

По се позачестените прозивки, поврзани со донацијата која ја сочинуваат луксузни лустери коишто завршија во црквата „Свети Никола“, во скопско Љубанци, ВМРО-ДПМНЕ дури денеска со став по ова прашање. Имено, партискиот портпарол Наум Стоилковски денеска со изјава дека тие донирале лустери, но дека не сакале да со фала со донацијата.

Иако според ВМРО-ДПМНЕ донацијата треба да ја покаже нивната скоромност, во такво нешто се сомневаат од владечакиот Социјалдемократски сојуз. Оттаму обвинуваат дека донацијата на ВМРО-ДПМНЕ е дадена под сомнителни околности и приоа потсетуваат дека сиот движен и недвижен партиски имот е замрзнат со судска одлука, но и тоа дека во време на изборни кампањи не се дозволени донации.

– „ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери? Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка? Да потсетиме, имотот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд, а во ек на кампања не се дозволени донации. Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?“ – изјави Костадин Костадинов.

Скандалот со давањето, односно примање на донација, во вид на скапоцени лустери, веројатно, ненамерно ја отвори амнестираниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, кој преку социјалната мрежа „Фејсбук“ јавно му се заблагодари на лидерот на неговата партија што донирал лустери за црквата во неговото родно село.
Телевизија 24

Спонзорирано