Велешкиот суд не може да го пронајде Владимир Панчевски

    2683

    Неизвесно е дали утре, во судот во Велес, ќе започне судењето на суспендираниот Владимир Панчевски за сотените злоупотреби на АКМИС системот, во време додекља тој претседателуваше со скопска „единица“. Имено, како што пишува порталот „А1 Он“, велешкиот суд имал неколку неуспешни обиди за достава на покана за судење на Панчевски, но тој досега не е пронајден на адресата која што ја пријавил. Порталот потсетува дека Панчевски во својот анкетен лист пријавил седум стана и една куќа, но не треба да се заборави дека тој поседува и хотел во строгиот центар на Скопје.
    Она што засега е извесно е дека Панчевски е активен на социјалните мрежи каде може да се види со осудени и осудени лица.
    Поради бројни злоупотреби на АКМИС системот Панчевски, кон средината на јули, беше суспендиран од Судскиот совет.
    „Правосудство“ за него објави дека уште како малолетник бил апсен и му биле поднесувани кривични пријави за извршени осум провални кражби во станови за кои нема издржано никаква затворска казна, а во неговото досие се и насилства, односно птретепување на жени. Но, и покрај вака богата криминална кариеа тој пред десетина години беше произведен во судија, а беше и претседател на скопскиот кривичен суд.

    Спонзорирано