Условни казни за измами, откако признале вина и ја надоместиле штетата

702

Битолскиот основен суд ги прифати предлог-спогодбите на обвинителството и на двајца од обвинетите им изрече казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку тие во рок од пет години не сторат ново кривично дело, а еден од нив е осуден на ефективна затворска казна во траење од една година и осум месеци.
Условните казни на обвинетите се условени и со нивна обврска дека на четири странски компани ќе им надоместат штета во висина од околу 60.000 евра. Инаку, во групата обвиниети за измами беше и лице, на возраст од 47 години, кое на осми април, почина во затворот „Скопје“, од корона вирус.
„Осомничените на почетокот оваа година, со лажно прикажување на факти дека преку правно лице од Ресен можат да им продадат земјоделски производи, довеле во заблуда четири правни лица од Словенија, Унгарија, Босна и Херцеговина и Руската Федерација. Оштетените правни лица вршеле уплата на договорен износ на сметка на правното лице од Ресен, а осомничените ги подигнувале уплатените парични средства и ги трошеле за сопствени потреби, неиспорачувајќи ги договорените земјоделски производи“, велат од обвинителството.
Инаку, информациите велат дека сега сега осудените уште додека траела кривичната истрага успеале да ја надоместат наптавената штета во висина од 49.170 американски долари и уште 17.466 евра.

Спонзорирано