Две години затвор кој нема да се реализира доколку Миле Јанакиески, Снежана Филиповска-Павлевска и Јулијана Јанкуловска-Атанасова не сторат ново кривично дело гласи пресудата којашто е изречена за предметот наречен „Дизајн“, односно за набавката на 202 кинески автобуси за потребите на ЈСП „Скопје“.
На одлуката којашто ја донесе судеќкиот совцет од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а со кој претседаваше судија Осман Шабани му претходеше и искажувањето на јавната обвинителка Лиле Стефанова која рече дека мора да се има в предвид тоа што обвинетите го признале делото за кое се обвинети, иако се работи за настан од пред 12 години.
За набавката на 202 катни, кинески автобуси обвинет е и Игор Јанушев, висок партски функционер на ВМРО-ДПМНЕ и акруелен пратеник, но тој не прифати вина и нему ќе му се суди во одвоена судска постапка.
Изречената условна казна за Јанакиески е втора од ваков вид. Нему, прев пат, условна казна му беше изречен за случајот „Шамари за Жерновски“, но за него во тек се повеќе судски постапки. Кон крајот на минатиот месец, за случајот наречен „Титаник“, на Јанакиск му беше изречна затворска казна во траење од четири години и шест месеци.
УШТЕ ЕДНА УСЛОВНА КАЗНА ЗА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ
Спонзорирано