Обвинетиот Трајко Вељаноски немал техничка можност да го исклучи пратеникот Зекирија Ибрахими кој на 27. април, во Собранието ја пееше албанската, како и пратеникот Крсто Мукоски кој ја пеел македонската химна, посведочи Талат Џафери, на денешното судење на обвинетите за организирање на нередите.
Актуелниот собраниски спикер посведочи дека ниту тогаш, ниту после 27-ми април не постоела никаква можност претседател да може да исклучи пратеник од говорница. Со вака дадениот исказ талат Џафери само потврди дека Вељаноски не го повредил собранискиот деловник. Но, но и покрај ваквиот исказ на Џафери, останува обвинувањето дека Трајко Вељаноски, со пребеганиот Никола Груевски, екс – министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за државна безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, се организатори на упадот во Собтанието и обидот за линч на пратеници од тогашната опозиција.
Талат Џафери: Трајко Вељаноски немал техничка можност да исклучува говорници
Спонзорирано