Сведок не знае како се финансираат политички партии, а од КОВИД – 19, наводно, ја изгубил меморијата

1195

Сведок од Гостивар, на денешното продолжение на судењето а нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во предметот наречен „Титаник“, изјави дека бне му е познато како се финансираат политичките партии и дека никогаш порано не уплаќал пари за таа цел, но по предочување на негов исказ даден во друга постапка, тој кажа дека прележал КОВИД – 19 и дека ја загубил меморијата.
Друг сведок, од Штип, потврди дека уплатувала за партијаата износи кои се движеле меѓу 300 и 500 денари, но таа не се сеќава дали на друго лице му дала 60.000 денари да уплати во нејзино име, но знае дека партитр се собираче во местниот партиски комитет.
И свеок од Охрид не знаре како се финансираат политичките партии, ноп знае дека со донација се помага. Овој сведок потвди дека, во бавка или во пошта, уплаќала меѓу 10 и 30.000 денари
И просветен работник уплатувал пари за ДПМНЕ и според неговото кажување уплатите најчество се случувале пре избори.
Во конкретмиот предмет, освен бегалецот Никола Груевски, обвинети се и Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, Билјана Бришкоска, Кирил Тодоровски, Леко Ристовски, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ, Дракче Дракчевски, Марјан Наќевски, Гоце Јанковски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Ленка Рашајковска и Коста Митревски.

Спонзорирано