СУДОТ ВО ГОСТИВАР ГО ПРИТВОРИ ЗОРАН МИЛЕСКИ – КИЧЕЕЦ

1770

Гостиварското обвинителство утврдило дека токму Милески ја предизвикал сообраќајката несреќа која се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар

 

На предлог на гостиварското Основно јавно обвинителство, Судија на претходна постапка од тамошниот суд му изрече мерка притвор во траење од еден месец на веќе осудениот Зоран Милески викан „Кичеец“.
Барањето на Обвинителството доаѓа по тешкат сообраќајна несреќа која се случи минатата недела, на магистрачниот пат Кичево – Гостивар, во близина на патниот премин „Стража“, а во која едно лице го загуиби животот, а уште седуммина други се здобија со тешки телесни повреди. Имено, Обвинителството, од досегашиот тек на истрагата утврдило дека токму Милески ја предизвикал несреќата и за него веќе се води кривична истрага за сторено кривично дело: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, догласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
„На четврти овој месец, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Движејќи се со патничко моторно возило ‘мерцедес’, со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил ‘БМВ’, со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во спротивна насока, во правец кон Кичево, се движело возило „санг јонг“, со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од мерцедесот, во предниот десен дел на џипот „санг јонг’. Удреното возило, со левиот страничен дел, пак, удрило во возилото ‘БМВ’, кој бил претекнуван. Во несреќата, животот го загубил сопатник во „санг јонгот“, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобиле со полесни повреди“’, се вели во соопштението на Обвинителството и во кое се појаснува дека приотворот е побаран поради постење на опасност Милески да влијане врз сведоците и односно врз оштетените и дека може да го повтори делото. На сето ова треба да се придодаде и тоа дека Милески е лице кое е на издржување затворска казна во траење од три години. Како што е познато, Милески, кој беше обвинет во предметот наречен „Реклет“, за кривично дело: примање награда за противзаконско влијание, ја призна сопствената вина и поради тоа беше осуден на три години затвор. Сепак, тоа што ја вознемири јавност е фактот дека Милески не е на издржување на затворската казна, бидејќи пријавил здравствени проблеми, а надлежните институции му одобриле прекин, во траење од еден месец, за да може да ги изврши сите потребни испитувања.

Спонзорирано