Жена од селото Иловица, на возраст од 39 години, е осомничена дека сторила кривично дело обид за убиство, со тоа што се обидела да го отруе сопругот. Настанот се случил на седми овој месец, кога таа се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Имено, тој побарал од сопругата да му свари кафе, а таа во филџанот му ставила течно средство хербицид „Моносан херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.
Од обвинитеклството не соопштуваат во каква здравствена состојба е сопругот, но затоа, пак, потврдуваат дека за осомничена е изречен притвор во траење од 30 дена.
Спонзорирано