Основното јавно обвинителство – Скопје достави до Кривичниот суд обвинителен акт против 37-годишен државјанин на Србија. Тој се товари дека се обидел да изврши кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 10 април годинава, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат автомобил. На наведената адреса тие дошле со возило – караван со српски регистарски ознаки. Обвинетиот излегол од возилото и со штрафцигер го скршил задното десно стакло на патничко моторно возило „ренџ ровер“, сопственост на правно лице, кое било паркирано во близина. Потоа влегол во автомобилот и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави во погон.
Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал обвинетиот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари. Бидејќи постојат околности кои и натаму укажуваат дека обвинетиот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.
Српски државјанин пробал да украде автомобил, па завршил во притвор
Спонзорирано