Српски државјанин обвинет за обид за кражба на „мерцедес“

    905

    Скопското основно јавно обвинителство, до Основниот суд Скопје 1- Скопје, поднесе обвинителен акт за српски државјанин кој се товари дека се обидел да изврши кривично дело тешка кражба.
    Сега обвинетиот, кој немал регулиран престој во државава, на 20. февруари оваа година, на паркинг простор пред еден скопски хотел се обидел да одземе автомобил марка „мерцедес“, сопственост на правно лице. Тој, со употреба на погоден предмет, ги отворил вратите на возилото, проценето на 1.875.750 денари или околу 30.000 евра, а потоа се обидел да го стартува, но тој бил затекнат од три лица кои ја повикале полиција и така го спречиле во намерата.
    Јавниот обвинител, до судија на претходна постапка, доставил и предлог со кој се бара на обвинетиот да му биде продолжена мерката притвор, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

    Спонзорирано