Советот за реформи го поддржа новиот закон за правосуден испит

1728

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска и официјално го презема раководењето со Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година). На вчерашната седница на Советот, таа информираше дека на последната седница на Владата и формално е донесена одлука со која премиерот Заев, на негова иницијатива, се повлекува од местото претседател на Советот и дека отсега таа ќе претседава со седниците на Советот, како министерка за правда.

Во продолжение на седницата, Дескоска ги информираше членовите на Советот дека Министерството за правда подготви нови предлог-Закон за правосуден испит.
Членовите на Советот ги поддржаа решенијата содржани во предлог-Закон за правосуден испит.

На вчерашната седница на Советот, се разгледуваа и резултатите од пилотирањето на матрицата за оценка на перформансите на јавното обвинителство.

Спонзорирано