Скопскиот Апелационен суд пред еден месец само ја потврди пресудата со која Џенис Мекиќ беше осуден на казна затвор во траење од 2,6 години, откако беше огласен за виновен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Иван Белински. Повисокиот суд ја потврди казната која што во март 2017 година ја изрече скопскиот кривичен суд за трагичниопт настан кој се случи на раскрсницата од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „9-ти Мај“, во ноември 2014 година, кога беше усметен младиот Белински.
Судот ја потврди казната, но и натаму останува отворено прашањето: Дали целата вина за прегазувањето на Иван треба да се бара од осудениот Џенис Мекиќ или и други треба да ја понесат одговорноста за оваа трагедија.
И мајката на Иван, Перса Белинска, инсистира на целосна вистина за оваа нивна, семејна трагедија. Родителите не се и не можат да бидат оние кои со ладни глави можат да говорат за овој настан, дотолку повеќе што едните изгубија син, а другите ќе треба да живеат со тоа дека нивниот син усмртил некого и дека за тоа треба да оди во затвор.
Ниту истрагата, ниту судењето на Џенис Мекиќ не можаа да потврдат дека сега осудениот го управувал возилото „фолксваген туарег“ со брзина од 100 или со брзина од само 69 километри на час, како што тврдеа вештите лица.
Никогаш не се утврди каква траекторија на движење имала црвената „хонда сивик“ и зошто таа, после несреќата тоа возило никаде не се појавува, ама затоа на местото на несреќата ќе се појави тогашниот државен Јавен обвинител. Случајот на Џенис Мекиќ само делумно е завршен! Борбата за вистината продолжува!
Целиот текст на 24.мк