Скопското обвинителство ги истражува причините за авионската несреќа

901

Двајца oбвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции утрово извршија увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „Цесна“, со четворица патници. Пo наредба на јавен обвинител врз телата на починатите патници ќе биде извршена обдукција. Местото на кое што паднал авионот се наоѓа на исклучително непристапен терен и во моментот не постојат услови за извлекување на леталото. Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.

Спонзорирано