СКОПЈАНЕЦ ОБВИНЕТ ЗА ОБИД ЗА ИЗНУДА НА 150.000 ЕВРА

    1216

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело обид за изнуда.
    Обвинетиот во текот на ноември и декември минатата година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг. За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150.000 евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата.
    За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, повремено да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

    Спонзорирано